Реал подобар по првиот дел на „Ел Класико“: Поништен гол, посрамотен Роналдо, дирек на Бензема!

Реал Мадрид имаше повеќе можности прв да дојде до погодок по првиот дел на „Ел Класико“ против Барселона, но ќе мора шансата да ја бара во второто полувреме.

По првите 45 минути на „Сантијаго Бернабеу“ без голови, иако „кралевите“ имаа неколку можности за гол.

Уште во 2. минута Роналдо постигна гол, кој беше сосема оправдано поништен поради офсајд…

По само десеттина минути Португалецот прописно се посрамоти, промашувајќи ја топката од идеална позиција кај пеналтикот.

Паулињо во 30. минута ја имаше единствената посериозна шанса за Барселона, но не успеа да реализира. А, Реал Мадрид конечно пропушти можност да дојде до гол во 42. минута кога Бензема по ударот со глава го погоди само левиот дирек од голот на каталонскиот тим…

Се вчитува...