Реал полуде по шведската сензација, „кралевите“ ќе треба да платат 70 милиони евра

Реал Мадрид покажува голема заинтересираност за репрезентативецот на Шведска, Александар Исак. Иако овој фудбалер не постигна ниту еден гол досега, шведскиот напаѓач воодушеви со своите игри на ЕП, па веќе најголемите европски клубови ги вперија очите кон него.

Освен Реал, најконкретен е клубот од Лондон, Арсенал, „топчиите“ веќе воспоставиле контакт и со Реал Сосиедад и со агентот на играчот, па се во овој момент се во најдобра позиција да го ангажираат.

„АС“ тврди дека 21-годишниот Исак би сакал да игра за Реал Мадрид, кој бара нов напаѓач. Флорентино Перез ги посакува Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд, но Реал не може да си дозволи вакви трансфери во моментов. ПСЖ наводно бара 200 милиони евра за Французинот, а Борусија нема да се ослободи од Халанд за помалку од 130 милиони ова лето.

Исак е многу поприфатлива опција, иако Реал Сосиедад не сака да ја спушти цената под 70 милиони евра, што е износот на клаузулата во неговиот договор. Александар има договор со Реал Сосиедад до 2024 година. Минатата сезона одигра 44 натпревари и постигна 17 погодоци со две асистенции.

Се вчитува...