Реал сака да му го продолжи договорот на Крос, а тој ги шокираше со својата одлука

Германскиот репрезентативец Тони Крос ги шокираше челниците на Реал Мадрид околу одлуката за неговиот нов договор, јавува „АС“. Договорот на Германецот истекува на крајот на идната година, а потоа без отштета може да го напушти тимот.

Реал останал шокиран кога Крос одлучил да не го продолжува договорот сега, туку да чека да се види неговиот учинок идната сезона, па потоа ако се договори со клубот ќе го продолжел договорот.

„Крос неколку пати предупредувал дека неговиот договор ќе зависи од улогата која ја има во клубот. Не сака да биде товар на клубот долгорочно, па причината за негово заминување би можеле да бидат Камавинга и Чуамени“, пишува „АС“.

Крос во Реал стигна за 25 милиони евра од Баерн Минхен пред осум години, и со „кралевите“ освои четири трофеи во Лигата на шампионите.

Се вчитува...