Реал шокиран од третолигашот Алкојано: Казанова ги елиминираше „кралевите“… (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа вистински срам со елиминација од шпанскиот третолигаш Алкојано во шеснаестфиналето од Купот на Шпанија.

„Кралевите“ во продолженијата загубија со 2-1 од членот на третата по квалитет лига во Шпанија. Стрелец на победничкиот гол за Алкојано беше Казанова во 115. минута.

 

Претходно, во регуларниот дел од мечот, Реал поведе со погодокот на Милитао во 45. минута, но Солбес во 80. минута израмни за домашните.

 

Алкојано беше и со играч помалку во последните десет минути, откако Лопез беше исклучен во 110. минута, но сепак успеа да дојде до погодок за пласман во четвртфиналето.

Се вчитува...