Реал со „покер“ против Еибар, се врати на врвот во Примера

По претходното неочекувано реми со Лас Палмас, фудбалерите на Реал Мадрид славеа убедлива победа од 1-4 на гостувањето против Еибар во 26. коло по што се вратија повторно на врвот од табелата во Примера.

„Кралевите“ уште во првото полувреме го решија победникот, најавувајќи го со двата гола на Бензема во 14. и во 25. минута. А, веќе во 29. минута Хамес Родригез дефинитивно не остави можност за било какво изненадување во вториот дел со погодокот за 0-3.

Во второто полувреме Асенсио зголеми на 0-4, а Пења во 72. минута ги постави конечните 1-4.

All Goals & Highlights HD – Eibar 1-4 Real… by arcturusmedia33

По овој триумф, Реал Мадрид се врати на челната позиција во шпанскиот шампионат со 59 бода, два повеќе од второпласираната Барселона која вечерва го игра својот натпревар од ова коло против Селта.

Се вчитува...