Реал Сосеидад ја продлабочи кризата на Вилјареал (ВИДЕО)

Реал Сосеидад на домашен терен оствари триумф над Вилјареал од 1-0, и така ја продлабочи кризата на „подморницата“ во Ла Лига. „Жолтите“ сега четири меча не знаат за победа во Шпанија, додека Сосиедад ја продолжи победничката серија, и дојде до петиот триумф по ред во сите натпреварувања.

Стрелец на единствениот гол беше Мендез во 33. минута. Разликата можеше да биде и поубедлива ако Сосиедад искористеше некоја од многуте шанси на овој меч. Вилјареал, пак, имаше само една шанса, и се што успеа да стори на овој меч.

Реал Сосиедад со овој триумф влезе меѓу првите шест во Ла Лига, додека Вилјареал остана на средината.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...