Реал Сосиедад чекори кон Еворпа – лесна победа против Кадиз

Реал Сосиедад е на добар пат да избори место во европските натпреварувања и следната сезона откако во 36. коло славеше на домашен терен со 3-0 против Кадиз. Домаќините поведоа во 19. минута преку Сорлот, во 53. минута Јанузај од белата точка зголеми на 2-0, а од истото место во 98. минута беше и Порту кој го постави конечниот резултат.

Со новата победа „сино-белите“ стигнаа до 59. освоен бод и на две кола пред крајот на сезоната го завземаат шестото место на табелата за разлика од Кадиз кој во следните меча го очекува пекол за изборување на место во „елитата“ на шпанскиот фудбал и следната година.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...