Реал Сосиедад „падна“ во Мадрид пред дуелот со Вардар

Реал Сосиедад неодамна го растури Вардар среде Скопје, но на баскијскиот клуб не му оди најдобро кога станува збор за настапите во Примера дивизион. Доказ за тоа е последниот дуел во домашното првенство во кој Сосиедад загуби на гостувањето против Хетафе со 2-1.

Гостите од Сан Себастијан поведоа со 0-1 на самиот почеток со погодокот на Oјарзабал во 5 минута, но потоа примија два гола во второто полувреме и претрпеа нов пораз, четврти во десеттото коло од Примера.

Реал Сосиедад веќе в четврток повторно ќе се сретне со Вардар, во рамките од четвртото коло од Лигата на Европа, овојпат на домашен терен во Сан Себастијан.

Се вчитува...