Во првото големо дерби на стартот од Лигата на шампионите, Реал Мадрид по првото полувреме води со 2:0 против Интер.
„Неразурите“ подобро го започнаа дербито, ја имаа контролата врз топката, направија неколку шанси, но грешките пред сопствениот гол ги чинеа два гола.
Прво Килијан Мбапе во 14-та минута ја искористи грешката на Куртис Џонс да го отвори резултатот. Голот на Мбапе може да го видите на следниот ЛИНК.
Само девет минути подоцна, нова грешка на Неразурите, овој пат на голманот Мартинез која ја искористи Федерико Валверде. Вториот гол на Реал Мадрид може да го видите ТУКА. Во судиското продолжение, Реал можеше да даде уште еден гол, но ударите на Белингам и Дијаз ги одбрани голманот на Интер, Мартинез.
На другите мечеви, во првото полувреме голови имаше уште и на дуелот меѓу Лил и Бетис (2:1). Францускиот тим поведе во 12-та минута со голот на Уеда, додека Бетис израмни во 33-та минута преку Марк Бартра. Францускиот тим кој има одличен старт на сезоната, го врати водството во 36-та минута благодарение на голот на Александро кој највисоко скокна по изведениот корнер на Перин и топката ја смести во мрежата на Ваљес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
