Реал во проблеми: Роналдо, Бејл и Мората не играат со Еибар

Зинедин Зидан се соочува со огромни проблеми во пресрет на гостувањето со Еибар, меч на кој францускиот стретег нема да може да смета на двајцата најопасни офанзивци, Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Португалскиот интернационалец влече незгодна повреда поради која не тренираше денеска, по што Зидан реши тој воопшто да не патува на гостувањето во Баскија, се со цел да не се ризикува влошување на повредата во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите против Наполи.

Герет Бејл доби суспензија од два натпревари за црвениот картон на дуелот против Лас Палмас. „Кралевите“ најавија жалба на оваа одлука, но јасно е дека Бејл сигурно нема да игра со Еибар, а доколку истата биде прифатена тогаш Велшанецот би можел да заигра на следниот дуел против Бетис.

За главоболките на Зинедин Зидан да бидат уште поголеми, тренерот на Реал не може да смета ниту на Алваро Мората, поради акумулирани жолти картони. Во една таква ситуација, за очекување е Реал да настапи со Бензема како најистурен во навалната линија, помогнат од Лукас Васкез и од Хамес Родригез.

Се вчитува...