Реал Мадрид е во потрага по нов тренер, при што секојдневно се појавуваат нови имиња што се поврзуваат со кормилото на најтрофејниот европски клуб.
Флорентино Перез веќе стави до знаење дека новиот тренер ќе биде исклучиво негов избор за кој не планира да се консултира со клупските директори, а првиот човек на Реал има јасно зацртан план – на „Сантијаго Бернабеу“ да го врати Жозе Мурињо.
„Специјалниот“ го водеше клубот од 2010 до 2013 година, но односите со Перез му останаа на највисоко ниво. Флорентино имал позитивни разговори со Мурињо, кој изразил подготвеност да се врати, за што според португалските медиуми веќе се известени и челниците на Бенфика.
Португалкиот клуб би добил три милиони евра отштета ако некој сака да го доведе Мурињо додека тој се уште е под договор со Бенфика, но оваа сума нема да претставува никаков проблем за „кралевите“, кои планираат токму под водство на Мурињо да тргнат во камбек на тронот на европскиот и на шпанскиот фудбал.
Самиот Жозе барал преговорите да се стопираат за да може да остане максимално фокусиран на Бенфика и трката за второто место на табелата (кое носи во ЛШ следната сезона), ставајќи до знаење дека потоа лесно ќе се договори со Перез околу условите за враќање во Мадрид.
Останува времето да покаже дали ова ќе се реализира, или утре ќе се појави нова шпекулација, со нов тренер што ќе биде сериозно поврзан со „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

