Ребенсбург е „супер-џи кралица“ во Лејк Луис

Викторија Ребенсбург е победничка на премиерниот супервелеслалом во сезоната во алпско скијање кој денеска се возеше во канадскиот Лејк Луис.

Германката до триумфот дојде со време од 1:20.00 минута, што беше за 35 стотинки подобро од второпласираната италијанска сензација Никол Делаго. Подиумот го надополни Швајцарка, Корине Сутер 42 стоти делови од секундата од победничкото време.

Микаела Шифрин која денеска го освои само десеттото место останува убедливо на врвот во генералниот пласман. Следниот викенд најдобрите алпски-скијачки во светот се селат на европско тло, каде во швајцарскиот Сент Мориц на програмата се трките во велеслалом и паралелслалом.

Се вчитува...