Пучнер најдобра на спустот во Солдеу, малиот кристален глобус за Шмидхофер

Мирјам Пучнер е победничка на последниот спуст сезонава во женска конкуренција во Светскиот куп во алпско скијање, кој се одржа во андорскиот ски – центар Солдеу. Австријката триумфираше со време од 1:32.91 минути. Второ пласирана беше Германката Викторија Ребенсбург со заостанување од 3 стоти делови од секундата, а пак третото место и припадна на Корин Зутер од Швајцарија која доцнеше 8 стотинки зад времето на победничката.

Малиот кристален глобус во спуст и припадна на Австријката Никол Шмидхофер, која денешната трка ја заврши на 11. место. Во генералниот пласман Микаела Шифрин минатиот викенд ја осигура титулата.

Утре на програмата во Солдеу се супервелеслаломските трки во машка и женска конкуренција.

Се вчитува...