Ребенсбург најдобра на супервелеслаломот во Солдеу, малиот кристален глобус за Шифрин

Викторија Ребенсбург е победничка на последниот супервелеслалом сезонава, во женска конкуренција во Светскиот куп во алпско скијање, кој денеска се одржа во андорскиот ски-центар Солдеу.

Германката до победата стигна со вкупно време од 1:23.91 стотинка, што беше за 15 стотинки подобро од второпласираната Тамара Трипие од Австрија. Подиумот го дополни Италијанката, Фредерика Брињоне со заостанување од 34 стотинки зад времето на победничката.

Американката Микаела Шифрин заврши четврта, со што по освојувањето на големиот кристален глобус, го осигура и малиот глобус во супервелеслалом.

Се вчитува...