Редовно Собрание на МОК, Сергеј Самсоненко нов член на Управниот Одбор

Македонскиот Олимписки Комитет одржа редовно Собрание, на кое за нов член на Управниот одбор на оваа институција беше именуван поранешниот сопственик на Вардар, Сергеј Самсоненко. Русинот кој остави зад себе огромни долгови и во ракометниот и во фудбалскиот колектив, кој воедно е и најголем виновник за испаѓањето на „црвено-црните“ од елитното фудбалско друштво, сега ќе биде дел од Управниот Одбор во МОК како дел од договорот со кој олимпискиот комитет го презеде раководењето со Спортскиот Центар „Јане Сандански“.

Претседателот Димевски изрази задоволство од двете “А“ Олимписки норми со кои Дејан Георгиевски и Магомедгаджи Нуров се сериозни кандидати за освојување на Олимписки медал во Токио, но и со успесите што останатите спортисти ги бележат, како во колективните, така и во индивидуалните спортови.

Претседателот Димевски, го исполни ветувањето дадено на последното Изборно Собрание и побара гласање на доверба како Претседател на МОК. Притоа, членовите на Собранието составено од сите Олимписки Национални спортски федерации и истакнати спортисти-олимпијци, едногласно му дадоа поддршка да го води Олимпизмот во следните четири години.

Согласно новиот Статут избрани се четири потпретседатели и тоа Цветанка Макаровски, Димитар Костадинов, Шабан Сеидиу и Перо Антиќ.

За членови на УО на МОК едногласно без избрани Даниел Димевски-претседател, Сергеј Самсоненко, Нина Балабан, Тони Стојановски (Стопанска Банка), Љупчо Васовски (Тинекс), Петар Денковски (ВЕРО), Мухамед Зекири, Васко Ковачевски (ЕСМ), Емил Стоименов (Канал 5), Вања Туџаров (РЕПЛЕК), Ленче Алексовска-Величковска, како и Националните спортски федерации од спортовите фудбал, ракомет, одбојка, скијање, таеквондо, пливање, гимнастика, триатлон, кајак, голф, мечување и спортско качување кои го имаат мнозинството на гласови во УО на МОК.

Се вчитува...