Регионална лига: ГФК Победа даде 23 гола во првите три кола

Новиот фудбалски клуб од Прилеп, ГФК Победа одлично стартуваше во новоформираната регионална лига на Македонија во групата 4, забележувајќи три победи на стартот и покажувајќи извонредна ефикасност постигнувајќи 23 гола на три натпревари. Во првото коло го совлада Превалец со 6:0, во второто Влазними јуниор дури со 10:0, а сега Бучим во гости со 7:1. Во дербито во третата група, во Валандово Победа го совлада Ударник со 2:1.

Регион 1: Башкими Љуботен – Перпарими 6:0, Фортуна-Илинден 9:5, Њу Старс – БВК Коњаре 0:0, Ржаничино – Марино /прекинато/, Беса-Кул Здравје  2:0.

Регион 2: Речица-Пчиња 1:1, Јуниор -Козјак 1:0, Липкова-Победа 3:2  Беса-Куманово 0:2, Академија Осогово-Влазними 1:0.

Регион 3: Малеш – Тиверија 3:0 /службено/, Каменица Саса – Овче Поле 2:2, Победа/В/-Ударник 2:1 , Брегалница – Слога 1:0, Огражден – Карбинци 1:0, Дојранско Езеро-Хоризонт 2:2.

Регион 4: Влазними-Кравари 3:4, Бучим-ГФК Победа 1:7, Големо Коњаре – Росоман 3:0, Победа /Пепелиште/ – Вардар 1:1, Борец – Башкими 1:1, Венец – Питу Гули 2:1, Ултрас-Млекар 6:0.

Регион 5:  Света Тројца – Влазними јуниор 5:0, Караорман – Кравари  3:1, Преспа – Могила 3:3, Напредок – Крошу спорт 0:0, Влазерими – Чардак 7:1.

Регион 6: Гостивар – Џепчиште 2:0, Цетински – Доброште 0:1, Љуботен – Кораб 2:2, Вардар-Грдец 7:0, Лирија-Желино 2:0.

  М.М

Се вчитува...