Почна навистина ефикасно во сите новоформирани шест фудбалски региони на Македонија кои годинава се играат наместо досегашните пет трети лиги. Голови колку сакаш, ретко кој натпревар завршува без голови. Рекорд во второто коло постигна Дојранско Езеро кој ја совлада Тиверија од Струмица со рекордни 13:0. Што е уште поинтересно кога се работи за Тиверија, таа и во првото коло беше високо поразена од Овче Поле со 11:0. На два меча прими дури 24 гола, не постигна ниту еден. Тешко е да се поверува дека наскоро ќе биде соборен овој негативен рекорд. Ефикасен беше и новиот тим од Прилеп, ГФК Победа која го пoрази Влазними јуниор со 10:0.
Прв регион: Илинден-Ржаничино 7:1, Студеничани-Беса 0:0, Кул Здравје-Њу Старс 2:2, БВК Коњаре-Башкими Љуботен 3:1,Перпарими-Фортуна 2:0, Марино-Аеродром 0:2.
Втор регион: Победа-Јуниор 2:3, Влазними-Беса 1:2, Куманово-Липкова 4:1,Пчиња-Академија Осогово 1:0, Козјак-Речица 1:3.
Трет регион: Тиверија-Дојранско Езеро 0:13, Хоризонт Турново-Огражден 0:1, Овче Поле -Малеш 1:1, Ударник-Каменица Саса 0:0, Слога-Победа /Валандово/ 0:1, Карбинци-Брегалница 0:1.
Четврти регион: Превалец-Улттрас 5:0, Млекар-Венец 1:6, Питу Гули-Борец 1:3, Башкими-Победа/Пепелиште/ 1:2, Росоман-Бучим 3:2, Вардар/Неготино/-Големо-Коњаре 1:2, ГФК Победа-Влазними јуниор 10:0.
Петти регион: Могила-Баир спорт 1:1 /прекинато/, Демир Хисар-Влазерими 2:5, Напредок/Кичево/-Караорман 2:0, Чардак-Напредок/Ношпал/ 1:2, Крошул-Преспа 2:1, Кравари-Света Тројца 4:0.
Шести регион: Кораби-Цетински 2:1, Градец-Гостивар 1:6, Речица-Дрита 1:4, Јехона-Лирија 3:5, Доброште-Скендербеј 0:0,Џепчиште –Љуботен 4:2. Вардар од Брвеница беше слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
