Кадетската ракометна репрезентација на Македонија од 6. август влегува во мундијалските предизвици на шампионатот чиј домаќин ќе биде Скопје во двете најголеми сали. Тимот ги заврши подготвките во Маврово. Селекторот Данило Брестовац ќе им даде шанса на сите играчи кои ги има на располагање на пријателскиот натпревар против Чиле кој ќе биде одигран на 2. август.
Нашиот национален тим е во група со Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и со Нигерија. Првиот дуел на 6.август кадетските репрезентативци ќе го играат против Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА