Реина прави чуда на голот на Наполи (видео)

Наполи има предност од 0-1 по првото полувреме од мечот со Јувентус во полуфиналето од Купот на Италија. Калјехон го постигна водечкиот гол за „наполитанците“, но херој на овој тим во полувремето е голманот Пепе Реина.

Шпанскиот чувар на мрежата при резултат 0-0 извонредно го запре ударот на Дибала, но најдоброто го сочува за финишот од полувремето, кога имаше неверојатна двојна интервенција, најпрвин при обидот на Манџукиќ, по кој стана и го блокираше и шутот на Лихтштајнер, кој не успеа да ја смести одбиената топка во мрежата.

Pepe Reina Fantastic Double Save vs Juventus! by wifutty

Се вчитува...