Реина: Судијата ’играше’ за Јувентус, бесен сум…

Наполи доживеа пораз од 3-1 на синоќешното гостување во Торино против Јувентус, во рамките на првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија. „Наполитанците“ имаа водство од 0-1 по првиот дел, но потоа „старата дама“ направи комплетен пресврт со двата гола од пенал на Пауло Дибала и погодокот на Гонзало Игуаин. Секако, најмногу прашина се крена околу пеналите на Јувентус, а драматична беше и изјавата на голманот на гостите, Пепе Реина.

„Судијата ’играше’ за Јувентус. Тоа беше така очигледно. Два пенали, кои апсолутно немаа врска. Посебно вториот, за мојот дуел со Квадрадо. Отидов на топката и ја избив, немаше старт за пенал. Што да правам, да исчезнам ли од мојот шеснаесетник?! Бесен сум, ова не е фер. Ќе се обидеме да возвратиме во реваншот, се разбира, ако имаме реално судење“, изјави Пепе Реина.

Се вчитува...