Рекетот го возврати ударот – Фоњини повторно во трагикомична ситуација (Видео)

Италијанскиот тенисер, Фабио Фоњини се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако по пресврт славеше со 3-2 над Американецот, Рејли Опелка. Дуелот траеше 3:46 часа, а во еден момент тој повторно бурно реагираше. Со сета сила го удри рекетот, по што ја раскрвари десната рака.

„Потполно ја уништив раката. Не можам да помрднам неколку прсти. Многу ме боли, не знам што ќе биде понатаму. Ќе проценам со тимот дали вреди да го продолжам настапот во Мелбурн“, изјави Фоњини.

 

Се вчитува...