Играчот од средниот ред Канг-ин Ли ќе го напушти Пари Сен Жермен ова лето и ќе се врати во Шпанија каде што играше за Валенсија и Мајорка.
Одличниот фудбалер кој може да игра на средниот ред и на десната страна не може да ги добие посакуваните минути во француската престолнина, а на клубот сигурно му е потребен простор за доведување нови имиња, па затоа беше одлучено дека е најдобро да го продадат.
Тој ќе стане засилување за Атлетико Мадрид во трансфер вреден повеќе од 40.000.000 евра, вклучувајќи ги и бонусите.
Ова е второ големо заминување од Пари Сен Жермен во последните неколку дена откако Гонзало Рамос постигна договор со Милан. Сега е време да се работи поинтензивно на пристигнувањата.
Јан Диоманде е во процес, а трансферната сума која би ја добил тимот на Лајпциг треба да биде околу 80.000.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
