Рекорд на Кливленд, спектакуларна партија на Вестбрук… (видео)

Изминатава ноќ во НБА лигата беше одбележана од рекордот на Килвленд, новата спектакуларна партија на Расел Вестбрук и одличниот меч во Вашингтон.

Актуелниот шампион славеше на гости против Атланта со 135-130, притоа со нов запишан рекорд од 25 постигнати тројки, што е најмногу во историјата на најсилната светската кошаркарска лига. Во таа серија предводеше Леброн Џејмс со шест постигнати тројки, притоа завршувајќи го мечот со 38 поени, 13 скока и 8 асистенции. Најефикасен кај победникот беше Кајри Ирвинг со 43 постигнати поени.

Оклахома загуби од Феникс со 118-111 и покрај новата спектакуларна партија на Расел Вестбрук кој запиша 48 поени, 17 скока и 9 асистенции.

Демар ДеРозан уште еднаш го предводеше Торонто до победа, овој пат на дуелот против Вашингтон со 114-106.

Во синоќешните мечеви, Дарио Шарич беше херој во победата на Филаделфија против Њујорк од 105-102, Јанис Антетокуомпо беше најзаслужен за триумфот на Милвоки над ЛА Клиперс од 112-101, а во Луизијана Сан Антонио по продолжение славеше против Њу Орлеанс со 101-98.

Се вчитува...