Рекорден број жени ќе учествуваат на релито Дакар 2019

На годинашното издание на релито Дакар, меѓу учесниците ќе има 17 жени што е рекорден број на припаднички од понежниот пол што ќе настапат на култната трка. Минатата година на релитоа Дакар, рамо до рамо со машките колеги возеа 14 жени.

Од 17 натпреварувачки што ќе возат на годинашното рели, најбројни се Шпанките, следуваат Германките, Холанѓанките, Чехинките и Перуанките. Најголема ѕвезда меѓу нив е мотоциклистката Лаја Санц која беше деветта  во својата категорија во 2015 година. Санц досега ги завршила сите изданија на кои што настапила.

Кристина Гутиерес исто така ќе биде меѓу натпреварувачките оваа година. Во 2018 година, Шпанката стана првата жена која финишираше на релито Дакар во категоријата на автомобили.

Релито Дакар 2019 почнува на 6 јануари во Перу.

Се вчитува...