Рекордер: Осми пат се враќа во ист клуб

Не е реткост во Италија, па ниту во Македонија еден ист тренер неколку пати да превземе ист клуб. Сепак, рекордот доаѓа од Романија, каде италијанскиот стратег Николо Наполи по осми пат ќе стане тренер на Крајова.

Тој ќе биде четвртиот тренер на оваа екипа сезонава. Муту издржиа 12 меча, а Флавијус Стојкан и Еуген Трика по четири меча.

Рекордерот по бројот на враќања во клубот, ја водеше крајова во 2003/2004, потоа се врати 2007 година. Повторно го водеше клубот во 2011, и во 2013 година. Пред четири години петти пат стана тренер, а година подоцна и шести пат. Се врати во август 2020 година каде издржа осум меча.

Навивачите не се среќни поради овој потег. На аеродромот скандираа.

„Уморни сме, остави не веќе. Немаме никаков проблем со тебе, но доста е“, извикуваа навивачите.

Крајова заврши на петтото место на шампионатот на Романија во есенскиот дел од сезоната.

Се вчитува...