Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласираше во ново осминафинале на неофицијалното Светско првенство во тенис, Вимблдон.
Србинот денеска на Централниот терен во „Ол ингланд“ клубот славеше против францускиот тенисер Артур Риндеркнеш со 3-1, по сетови 7-5, 6-4, 1-6 и 7-6. Французинот пружи вистински отпор и дефинитивно Ѓоковиќ немаше лесен ден во канцеларијата. Ова беше 105 победа за Ѓоковиќ на Вимблдон со која се израмни на врвот со Роџер Федерер.
Во следното коло Ноле игра против Русинот, Сафјулин кој денеска беше убедлив против Жоао Фонсека со максимални 3-0.
И првиот рекет на светот Јаник Синер стигна до осминафинале откако славеше со максимални 3-0, против Американецот Џенсон Бруксби. Во следното коло Италијанецот ќе се сретне со Јапонецот, Шинтаро Мочизуки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
