Рекордерот Рубио – најдобар асистент во историјата на СП

Шпанија по 13 години пауза повторно ќе игра мундијалско полуфинале, а меѓу најзаслужните е Рики Рубио, кој со 19 поени и 9 асистенции маестрално раководеше со нападите на својата селекција. Воедно, извонредниот плејмејкер испиша историја на дуелот со Полска, станувајќи најдобар асистент во историјата на светските шампионати.

Аргентинецот Пабло Приџони во кариерата имаше 106 асистенции на вкупно 24 натпревари што овој голем ас ги имаше одиграно на кошаркарските мундијали. Рубио го израмни неговиот рекорд за 21 мундијалски меч, за денеска да го урне откако Хуанчо Хернангомез постигна тројка.

„За мене е чест воопшто да ме споменете во иста реченица со Приџони, кој беше еден од моите кошаркарски идоли додека растев. Играв неколку средби против него и можам да кажам дека научив многу, чест ми е што надминав едно негово неверојатно достигнување“ – изјави Рубио.

Се вчитува...