Со 22 години полската тенисерка Ига Швјонтек е на добар пат да надмине бројни рекорди. Таа веќе има четири освоени грен-слема од кои три на Ролан Гарос и 90 недели поминати на првото место на поредокот…
Швјонтек не цели на рекордите и надминување на бројот на освоени грен-слем турнири, но како што вели не знае што носи иднината.
„Не се замислувам себе си како некој кој поставува рекорди. Точно е дека поставив некои нови рекорди што е феноменално, но од друга страна не ни знаев дека тие постојат… Не знам што носи иднната, ниту колку тенисот ќе се менува. Сигурно дека рекордите на Ѓоковиќ може да се достигнат, меѓуостанатото тој веќе ги постави. Меѓутоа, не се гледам себе си како личност која ќе освои толку грен-смен трофеи. Никогаш не се знае, како млада не знаев дека ќе освојвам четири грен-слема и ќе бидам бро еден“, изјави Швјонтек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА