Рекордна ноќ на Дејвис, Дончиќ и Далас ги добија Денвер и Јокиќ (ВИДЕО)

Ентони Дејвис е најзаслужен за третата сезонска победа на Лос Анџелес Лејкерс. Тој постигна 40 поени, имаше и 20 скока и го предводеше тимот до триумфот од 120-91 над Мемефис. За „гризлис“ ова е прв пораз од почетокот на сезоната.

Ентони Дејвис влезе во историјата на „лејкерс“ со тоа што стана играчот кој дошол до 40 поени и 20 скока за најкраток рок. Нему тоа му успеа во три четвртини.  Дејвис го урна рекордот стар 58 години кој му припаѓаше на Елгин Бејлор. Тој дојде во ефектот 40/20 за 33 минути, на Дејвис му успеа за нешто помалку од 31 мин. Последен кој имал ваков биланс беше Шекил О’Нил во 2003.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 23 поени, додека кај Мемфис најдобар стрелец беше Јонас Валанчијунас со 14 поени.

Прв пораз претрпе и Денвер, загуби во западното дерби од Далас со 109-106, а во битката на играчите од регионов, Лука Дончиќ постига 12 поени, а Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл од 10 поени и исто толку скока и аситенции. За Јокиќ ова е трет трипл-дабл сезонава, 30. вкупно во кариерата.  Далас најубедливо ја доби последната четвртина од натпреварот и благодарение на тоа дојде до третиот триумф сезонава. И Далас и Денвер имаат идентичен биланс од 3/1.

Во дуелот на ривалите од Источната конференција, Мајами со 112-97 славеше над Атланта. „Хоукс“ се соочија со вториот сезонски пораз, но и со загубата на Тре Јанг кој го повреди зголбот уште во воведната четврина и со помош беше изнесен од теренот. Првичните проценки се дека нема да има големо отсуство, но потврда треба да дојде од дополнителните прегледи.

 

Се вчитува...