Рекордни 61 поен за Харден, Јута и Денвер на работ на тепачка (ВИДЕО)

Џејмс Харден постигна повеќе од половина поени во победата на неговиот Хјустон над Њу Јорк никс од 114-110. Тој уфрли 61 поени што му е рекорд во кариерата. Џејмс веќе до полувремето имаше 35 поени, а веќе има пет напревари со плус 50 поени.

Одличната сезона на Харден, силно му помага на Хјустон кој се држи на петтото место во Западната конференција со ефект од 27/20. „Никс„ се најслабиот тим на Исток со биланс од 10/36.

Јута се проби на шестото место на Запад откако забележа триумф од 114-108 над второпласираниот тим во конференцијата, Денвер во напревар кој беше на работ на тепачка. Во финишот на првата четвртина, речиси сите кошаркари на двата тима влегоа во гужвата што ја почнаа Дерик Фејворс и Мејсон Пламли. Тензијата заврши за кратко и не дојде до поголем инцидент.

Никола Јокиќ кој го предводи Денвер до добрите резултати перидов исто така учестуваше во гужавата и тоа дојде од клупата за и тој да се пресметува со протвничките играчи. Сепак нервозата која ја манифестираше и подоцна во натпреварот влегувајќи во конфликт со Џе Краудер не му попречи да биде прв стрелец на Денвер со 28 поени, имаше и 21 скок, а забележа и шест асистенции.

На останатите средби, Индијана го запре Торнто победувајќи го со 110-106, Бостон ја продолжи одличната серија со убедлив успех против Кливленд од 123-103, победа конечно остварија и Лос Анџелес Клиперс, беа подобри од Мајами со 111-99, Филаделфија триумфираше тесно над Сан Антонио со 122-120, а победи остварија и Детроит, Шарлот, Атланта и Бруклин.

Се вчитува...