Рекордот на чудесниот Лука Дончиќ не беше доволен за победа на Далас

Лука Дончиќ повторно блесна и постави нов рекорд на кариерата во НБА лигата постигнувајќи 32 поени, но тоа сепак не беше доволно за победа на Далас во дуелот со ЛА клиперс (125-121).

За Далас пак ова беше 15.пораз сезонава.За 19-годишниот Словенец ова е уште едно извонредно постигнување во неговата дебитантска сезона во најсилната кошаркарска лига.

На рекордниот број поени сезонава, Дончиќ додаде и пет асистенции, четири скока и една украдена топка. Во тимот на Далас забележителен настап имапе и Деандре Џордан со 11 поени и дури 22 скока.

Клиперси во триумфот ги предводеше Данило Галинари со 32 поени, а Лоу Вилијамс додаде 26.

Се вчитува...