Рекордот на Малдини е минато – Буфон е „кралот“ на италијанскиот фудбал

Џанлуиџи Буфон е новиот апсолутен рекордер на италијанската Серија А откако искусниот голман се појави на голот на Јувентус на градското дерби со Торино, уривајќи го рекордот за бројот на настапи во елитното друштво на легендата на Милан, Паоло Малдини.

Големиот ас на „росонерите“ има 647 средби во Серија А зад своето име, Буфон неодамна го израмни рекордот и беше само прашање на време кога ќе го урне истиот. Се очекуваше тоа да се случи во минатото коло, но тренерот Сари одлучи наместо на дуелот со Џенова, Буфон да стане рекордер на градското дерби против Торино, негов меч број 648 во Калчо-лигата.

Малдини сега останува второпласиран на на листата на играчи со најмногу настапи во Калчо-лигата, а зад легендата на „росонерите“ се наоѓаат Тоти со 619 и Занети со 617 одиграни натпревари.

Се вчитува...