Овие денови актуелен е разговорот за уривање на рекордите во тенисот. Во контекст на сето ова најчесто се споменуваат рекордите кои на крајот на годината ќе ги урне Новак Ѓоковиќ. Сепак, еден рекорд најверојатно никој, никогаш нема да го урне е тој кој го држи Рафаел Надал. Рафа во понеделникот ја почна 789 недела во низа како е дел од топ 10 на АТП листата.
Првпат меѓу десетте најдобри влезе далечната 2005 година, а сега во овој сегмент го помина и легендарниот Џими Конорс. Од активните тенисери највеќе недели во топ 10 има Роџер Федерер (734), па потоа следи Новак Ѓоковиќ со 555.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА