Рекуперација и планови за Србија: Одмор за стартерите, тренинг за останатите (ФОТО)

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Една (не)проспиена ноќ не е доволна за да се сумираат сите впечатоци од дебитантскиот натпревар на Македонија на Европското првенство во Полска. Дуелот со Шпанија е резултатски горчлив, поразот од 5-0 боли многу, посебно ако се знае дека Македонија ниту од далеку не беше толку инфериорна против „црвената фурија“.

Покрај поразот, тука е и заморот..можеби не толку физички, колку психички, по првиот меч на стадионот „Мијески“ Токму затоа, селекторот Благоја Милевски одлучи да им даде одмор на стартерите, оние кои имаа минутажа на мечот против Шпанија, а тренингот на стадионот на Лехија Гдањск го одработија само оние кои немаа можност да играат на првиот меч.

trening 2

„Фудбалерите кои играа на мечот против Шпанија одработија лесен тренинг за рекуперација уште наутро, а со останатите ќе одработиме поквалитетен тренинг, затоа што немаа минутажа. Секако сме фокусирани на Србија, нашиот следен противник во второто коло“, вели селекторот Благоја Милевски.

Се вчитува...