Рели Дакар: Саинц заглави во песокот, со хеликоптер пренесен во болница

Деветтата етапа од релито Дакар донесе сериозен инцидент откако возилото на повеќекратниот шампион Карлос Саинц заглави во песочните дини.

Искусниот Шпанец со својот совозач заглавија по само шест километри возење од оваа етапа, а откако не успеаја да се извлечат од ситуацијата мораа и официјално да се откажат од натамошниот настап на најпознатата светска рели-трка.

Згора на тоа, Саинц морал да биде експресно пренесен со хеликоптер во болница откако се пожалил на болка во десниот дел од телото.

Се вчитува...