Ремек-дело за јубилеј: Меси стигна до 600 гола во кариерата

Лионел Меси уште еднаш ја потврди вонсериската класа, постигнувајќи фантастичен погодок од слободен удар за водство на Барселона од 1-0 на големото дерби со Атлетико Мадрид За задоволството да е комплетно, за Аргентинецот ова е јубилеен 600. погодок во кариерата, постигнат  во голем стил против извонреден голман каков што е Јан Облак.

Само за споредба, Меси стигна до оваа фантастична бројка за 757 натпревари, додека на Роналдо за истиот јубилеј му беа потребни 100 натпревари повеќе (600. погодок Португалецот го постигна во 857. средба во кариерата).

Се вчитува...