Фудбалерите на Работнички ремизираа без голови против косовскиот тим Гњилане на последната контрола од подготовките во Охрид.
Во пеколни услови за игра, на стадионот во Струга, двете екипи прикажаа сепак квалитетна игра. Кристијан Стојкоски во 22.минута излезе сам пред противничкиот гол, но голманот на Гњилане успеа да одбрани. Во вториот дел, капитенот на Гњилане, Прогни, го погоди дирекот од голот на Бурхан Мустафа.
Работнички настапи во следниот состав: Мустафа, Илиевски, Ристевски, Позњак, Ристовски, Тодоровски, Османоски, Л. Станковски, Стојкоски, Тантуровски, М. Станковски: Уште играа: Кировски, Стојков, Сухељ, Лазаров, Ангелов, Хајдари, Трајановски, Баџи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА