Реми на Академија Пандев во контролата против Детонит јуниор

Прволигашот Академија Пандев одигра без победник 1-1 против Детонит јуниор во пријателски натпревар кој се играше на теренот на спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.

Струмичани поведоа во 12. минута со голот на новата аквизиција, Аргентинецот Нико. Во вториот дел тренерот на струмичани Александар Васоски одлучи да ги извади стандардните првотимци, што го искористи тимот на Детонит кој во 88. минута успеа да израмни на 1-1.

Се вчитува...