Македонските фудбалски интернационалци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со нивниот Динамо Загреб одиграа реми 2-2 во дерби натпреварот од 15. коло во хрватската Суперспорт лига против Ријека.
Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Шпикиќ во 41. минута резултат со кој се замина на пауза. На 1-1 израмни Селахи во 53. минута. Ново водство за гостите донесе Периќ во 81. минута, додека конечните 2-2 беа дело на Митровиќ во 89. минута.
И Адеми и Ристовски беа стартери за својот тим и ги одиграа сите деведесет минути.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА