Реми на Евертон и Вест Хем во дебито на Нуно Еспирито Санто

Евертон и Вест Хем Јунајтед ремизираа со 1-1 во последниот натпревар од 6. коло во Премиерлигата, натпревар кој го означи дебито на Нуно Еспирито Санто на клупата на „чекичарите“.

Кин во 18. минута донесе предност за Евертон, а домаќините истата ја задржаа до 65. минута кога Бовен изедначи на 1-1 поставувајќи го конечниот резултат.

Со осмиот освен бод во сезоната Евертон е на деветтата позиција на табелата, додека Вест Хем и понатаму е во зоната која носи релегација со само четири освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...