Реми на Фенербахче и Галатасарај во големото турско дерби

Фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај одиграа без победник 0-0 во големото турско дерби како дел од најинтересниот натпревар од 18. коло во Суперлигата на оваа земја.

Во средината на првото полувреме откако не му беше досуден пенал на Икарди настанаа проблемите. Икарди беше удрен во противничкиот шеснаесетник, но главниот судија не досуди пенал. Само кратко подоцна Един Џеко направи прекршок, па судијата Арда Кардеслер го повика на разговор, а во целата дискусија се вклучи и Мауро Икарди, што на босанскиот напаѓач воопшто не му се допадна …

Во второто полувреме продолжија двата тима да мислат повеќе на својот отколку на противничкиот гол, па на крајот почетните 0-0 се најреален резултат за случувањата на теренот.

По 18. кола двата тима имаат по 44 бода, но поради подобрата гол разлика Фенербахче е на врвот во турскиот шампионат.

 

Се вчитува...