Реми на големото дерби: Судани со евро-гол ги шокираше Ристовски и Ријека

Шампионската титула во Хрватска уште не е решена откако Ријека и Динамо Загреб одиграа 1-1 на „Рујевица“ во големата дерби пресметка од 27. коло.

Ријека беше многу блиску до победа, и голем чекор кон титулата во хрватскиот шампионат, но Судани со прекрасен гол во 86. минута ја замолкна публиката на стадионот „Рујевица“ во Ријека.

Woow Amazing Goal El-Arbi Hilal Soudani (1-1… by zyhrijearifi

Претходно Ријека со голот на Андријашевиќ во 68. минута дојде до водство.

1-0 Franko Andrijašević Goal Croatia 1… by marcelinocortese

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Ријека, додека Леонард Жута поради жолти картони паузираше на овој натпревар.

rijeka - dinamo zagreb

Ријека сега со 69 бода, остана на четири бода предност во однос на Динамо Загреб, додека на третата позиција е Хајдук со 47 бода, колку што има и Осијек со натпревар помалку.

Се вчитува...