Реми на Лил и Лион за крај на колото во Франција (ВИДЕО)

Лил и Олимпик Лион одиграа без победник 1-1 во последниот натпревар од 9. коло во француската Лига 1. Домаќините преку Бамба поведоа со 1-0 во 22. минута. Во 41. минута гостите со автоголот на Челик израмнија на 1-1.

Во второто полувреме Марсело во 50. минута беше исклучен, а Лил во последните четириесет минути влегоа со играч повеќе. Сепак, не успеаја да ја искористат бројчаната надмоќ и на крајот резултатот остана 1-1.

 

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...