Реми на „Олд трафорд“ му стана навика на Мурињо, Ибра спаси бод

Манчестер јунајтед се повеќе тоне на премиерлигашката табела откако „црвените ѓаволи“ уште еднаш ги разочараа своите навивачи, играјќи само 1-1 на „Олд трафорд“ против Евертон. Ова е уште еден во низата разочарувачки домашни резултати за тимот на Мурињо, кој може да биде и среќен за ремито ако се знае дека до него дојде со голот од пенал на Ибрахимовиќ во 94. минута.

Жозе Мурињо повторно се реши за ротации во тимот и скапо ги плати своите погрешни одлуки, пред се онаа за партнерите на Ибрахимовиќ во нападот, откако Лингард и Рашфорд целосно потфрлија. Јунајтед наивно прими гол по заспаноста на целиот тим кога Јагиелка го совлада Де Хеа, но „ѓаволите“ имаа доволно време да израмнат. Ерера и Погба ја погодија гредата, судијата поништи регуларен гол на Ибрахимовиќ.

Клучен момент беше 94. минута, кога заслужено беше досуден пенал по играњето со рака на Вилијамс, за што дефанзивецот на Евертон доби и директен црвен картон. Ибрахимовиќ беше сигурен од белата точка, со гол крунисувајќи го камбекот по суспензијата, спречувајќи пораз на „ѓаволите“.

Phil Jagielka Goal | Manchester United vs… by 0000000luke

Zlatan Ibrahimovic Goal Manchester United 1 – 1… by Score5

Лестер ја забележа и четвртата победа во низа под водство на Шекспир, овојпат на домшен терен над Сандерленд со 2-0. „Лисиците“ долго време се мачеа да го скршат отпорот на аутсајдерот, за во вториот дел со головите на Слимани и на Варди да стигнат до трите бода со кои се искачија далеку над опасната зона за опстанок.

All & Goals & Highlights – Leicester City 2… by footballvideostv1

Барнли славеше со 1-0 над Стоук, додека Вaтфорд го совлада тимот на ВБА со 2-0.

Се вчитува...