Реми на Ренова и Вардар на тестот во Охрид

Ренова и Вардар одиграа натпревар без победник (2-2) на контролниот дуел кој се одигра во Охрид.

„Вардарци“ одиграле одлично прво полувреме, со головите на Гроздановски во 4. минута и Блажевски од пенал во 36. минута доаѓајќи до предност од 0-2.

Но, „гипсарите“ со два гола во вториот дел, на Бачков во 72. минута и Селмани од пенал во 84. минута, на крајот стигнаа до конечни 2-2.

„Вардарци“ во моментов своите подготовки за сезоната во Втората лига – Запад ги реализираат во Охрид, додека Ренова ги заврши своите подготовки на охридското крајбрежје и се враќа во Тетово.

Се вчитува...