Реми на Саса и Кит-Го на тестот во Каменица

Второлигашите од Истокот, Каменица Саса и Кит-Го вчера ремизираа во пријателски натпревари одигран во Македонска Каменица.

Саса и новиот второлигаш Пехчево одиграа 1-1 на првиот тест пред активниот старт на подготовките за новата сезона. На дуелот во Каменица поведе Кит-Го со голот на Дујовски, а за домашните израмни Глигоров. Во составот на Кит-Го не настапија засилувањата Глигор Глигоров, Никола Тонев, Андреј Ричков како и првиот офанзивец Бобан Мариќ.

Следниот пријателски натпревар на тимот од Пехчево е против Силекс в сабота, додека Каменица Саса ќе тестира со Детонит јуниор од Радовиш.

Се вчитува...