Реми во Берлин, Фрајбург го стигна Унион, Нкунку донесе победа на Лајпциг

Дерби-дуелот на колото во Бундес-лигата меѓу Унион Берлин и Баер Леверкузен, заврши без победник, 0-0. Двата тима поголемо внимание посветија на чување на сопствениот, отколку на закана кон противничкиот гол, што резултираше со мал број на шанси на стадионот во Берлин.

Унион Берлин загуби два значајни бода во борбата за место во ЛШ наредната сезона, откако Фрајбург и Лајпциг славеа на своите натпревари, стигнувајќи го овој тим во тешката битка. Фрајбург триумфираше на гостувањето против Келн со 0-1, а Лајпциг со идентичен резултат славеше над Хофенхајм, во меч со бројни шанси што на крајот сепак го пресуди голот на Нкунку уште во првото полувреме.

Унион Берлин и Фрајбург сега се израмнети на третото место на табелата со по 56 бода, само два повеќе во однос на Лајпциг на петтата позиција.

Штутгарт забележа уште една значајна победа во битката за опстанок, со 2-1 против Борусија Менхенгладбах, благодарение на погодокот од пенал што го постигна Кулибали во 82. минута.

Резултати Германија:

Лајпциг – Хофенхајм 1-0, Штутгарт – Борусија М. 2-1, Ајнтрахт – Аугсбург 1-1, Келн – Фрајбург 0-1, Ун Берлин – Баер Л. 0-0.

Се вчитува...