„Ремонтот“ во Пелистер не престанува: Промовирани уште три нови имиња

Данаил Тасев, Максим Славков и Давид Илоски се новите играчи на битолски Пелистер. Битолската гордост во обидот да се врати експресно во „елитата“ изгради сосема нов тим, и направи голем „рез“ во тимот.

Играчот од средниот ред Тасев (24) доаѓа од екипата на Тиквеш. 20-годишниот Славков кој игра на позицијата лев бек, доаѓа од екипата на Спарта Колин од Чешка. Голманот Илоски кој има 18 години доаѓа од екипата на АП Брера.

За нов тренер беше назначен Борче Христов.

Ги продолжи договорите на Христијан Грозданоски, Христијан Стојановски, Габриел Крстевски, Јован Мрмачовски, Натаниел Димовски, како и на искусните Стефан Спировски и Кире Ристевски.

Од екипата си заминаа Давид Ангелевски, Филип Бошковски, Александар Ристевски, Вилдан Керим, Мирко Ивановски, Андреј Јовчевски.

Се вчитува...