Ренато Сулиќ од Веспрем се сели во Висла Плоцк

Хрватскиот ветеран, Рернато Сулиќ (38) е ново засилување на полската Висла Плоцк. По девет години минати во Веспрем, хрватскиот пикер на залезот на кариерата се сели во Полска и ќе го носи дресот на Висла Плоцк во наредните две години

Иако во поодмината возраст, Сулиќ е еден од најтрофејните ракометари што ќе настапуваат за полскиот тим. Со репрезентацијата на Хрватска ја освои шампионската титула на СП 2003, а на СП 2009  стана европски вицешампион.

Освен Ренато Сулиќ, двегодишен договор со Висла Плоцк потпиша и десниот бек Матеуш Горалски, а Mарчин Вичар ја продолжи соработката со полскиот клуб.

Се вчитува...