Ренџерс игра „страшно“ – шест гола на увертирата пред Шкупи

Екипата на Глазгов ренџерс покажа дека се наоѓа во одлична форма во пресрет на двомечот со Шкупи во квалификациите за Лигата на Европа, откако шкотскиот гигант славеше со убедливи 6-0 против англискиот нисколигаш Бјури.

Ова беше премиерен натпревар на Стивен Џерард на стадионот „Ајброкс“, на чии трибини се појавија дури 41.000 фанови. Фудбалерите беа максимално мотивирани, одиграа извонредно и постигнаа дури шест гола, двоен стрелец беше Арфилд, а по еднаш мрежата на Бјури ја затресоа Марфи, Катиќ, Морелос и Раден.

Овој натпревар беше генерална проба за Џерард и неговите избраници пред првиот меч со Шкупи, што ќе се игра наредниот четврток во Глазгов.

Се вчитува...